Најмалку 16 загинати во тајфунот „Гони“ на Филипините


Бројот на жртви во тајфунот „Гони“, најсилниот кој оваа година ги погоди Филипините, се зголеми на 16, објави филипинската Агенција за справување со катастрофи.

Тајфунот донесе силни ветрови, дождови и поплави што однесоа најмалку десет животи во провинцијата Албај. Шест лица загинаа во Кантадуани. Три лица се водат како исчезнати во провинциите јужно од главниот остров Лузон.

Гони, 18-тиот тајфун што ги погоди Филипините оваа година, уништи скоро 80 ​​проценти од куќите во неколку градови во Кантадуанес, а покраината во која живеат околу 275 000 луѓе е практично „отсечена“.

Повеќе од 300 куќи се уништени под карпи и магма од вулканот Мајон.

Гони е најсилниот тајфун што се појави во светот оваа година.