Најголем број активни случаи има во Центар – 241, следат Аеродром со 240 и Карпош со 214
Во Oпштина Центар има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број денеска изнесува 241, покажуваат податоците за состојбата со Ковид-19 во земјата, што ги објави Министерството за здравство.
Во Аеродром има 240 активни случаи, во Карпош – 214, Гази Баба – 140, Кисела Вода – 138, Ѓорче Петров – 104, Чаир – 72, Бутел – 49, Илинден – 31, Шуто Оризари – 17, Сарај – 15, Петровец – 8, Студеничани – 4, Арачиново – 4, Чучер Сандево – 4, Зелениково – 4, Сопиште – 3, десет се странци, а 17 се нераспределени.
Во Скопје има 1.315 активни случаи од вкупно 3.147 колку што има во државава.