Најдобрите и најлошите земји за живеење во старост, каде е Македонија


Животот за стари лица е најдобар во Финска, а најлош во Ирак; ја испитавме ситуацијата во регионот 

 

Во светот живеат околу 901 милиони луѓе кои имаат 60 години или повеќе.

До 2050 година, тој број ќе се искачи на 2,1 милијарди, што значи дека постарата популација ќе сочинува 21,5 проценти од светската популација.

Се проценува дека само во Соединетите држави, до 2060 година, ќе има 98 милиони постари луѓе, што е двојно повеќе од денешните 46 милиони.

Финска е оценета како најдобра земја за живеење во староста, покажа неодамнешното истражување на деловниот магазин Ceoworld.

Следат Данска и Холандија, а потоа се Швајцарија на четвртото место и Австралија на петтото.

Ирак е на дното на листата, како најлоша земја за живеење во старост.

На дното на листата се уште Кенија, Украина, Венецуела и Камбоџа.

Глобалната студија проценува 105 земји за да ги утврди најдобрите земји за живеење во старост.

Овие земји се дом на повеќе од 92 проценти од светската популација на возраст над 60 години.

Живот во старост

Најдобри и најлоши држави

(Интерактивна мапа)

 

Рангирањето е направено врз основа на резултатите во седум категории:
– просечен животен век (колку е повисок резултатот, толку подобро)
– индекс на здравствена заштита (колку е повисок резултатот, толку подобро)
– безбедносен индекс (колку е помал резултатот, толку подобро)
– индекс на среќа (колку е повисок резултатот, толку подобро)
– трошоци за живот (колку е помал резултатот, толку подобро)
– цени на недвижнини (колку е помал резултатот, толку подобро)
– возраст за почеток на пензија (колку е помал резултатот, толку подобро)

 

Регион: Словенија најдобра за животот на постарата популација

Од земјите во регионот Словенците имаат најдобри услови за живот во старост и се на 29 место на глобалната листа.

Зад нив се граѓаните на Хрватска, кои се наоѓаат на 40 место, додека Северна Македонија е на 54-то место.

Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора се рангирани на 61, 62 и 63 место.

Во однос на одделните категории, забележливо е дека во Словенија убедливо е најголем очекуваниот животен век, се издвојува на индексот на безбедност, но и индексот на среќа.

Во некои категории, предничат другите земји во регионот.

Трошоците за живот се најниски во Северна Македонија и највисоки во Словенија.

Цената на недвижниот имот е исто така највисока во Словенија, додека е најниска во Србија.

Хрватска има највисока оцена на индексот на здравствена заштита, а најниска има Северна Македонија.

Истражете подетално во инфографикот на следниот линк.

Извор: Алџезира, Ceoworld, агенции