Наградниот фонд на Отвореното првенство на САД достигна рекордни 108 милиони долари


Наградниот фонд на Отвореното првенство на САД во тенис се зголеми на рекордни 108 милиони долари, објавија денес организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината.

Ова е втора година по ред во која наградниот фонд се зголеми за 20 проценти.
Шампионот во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на САД ќе заработи по 5,5 милиони долари, што, според организаторите, ќе биде најголемата индивидуална награда за победникот на тениски турнир.
Исто така, беше објавено дека поразот или елиминацијата во првото коло ќе донесе 140.000 долари, што е зголемување од 27 проценти во споредба со минатата сезона.

Отвореното првенство на САД ќе се игра од 30 август до 13 септември.