Објавени номинациите за Златен глобус 2025: Филмот со Селена Гомез доминира
Објавени се номинациите за 82. доделување на филмските награди „Златен глобус“ за 2025 година.
Со десет номинации води „Емилија Перез“, мјузиклот на Жак Аудиар со Карла Софија Гаскоњ, Селена Гомез и Зои Салдана (кои сите добија номинации, заедно со нивниот режисер). „Бруталистот“ исто така постигна голем резултат со седум номинации, вклучително и за најдобра филмска драма, и актерите Фелисити Џонс, Гај Пирс и Адриен Броди.
Фаворизираниот, „Wicked“ доби само четири номинации.
Еве ја целосната листа на номинирани за наградите Златен глобус во 2025 година. Во живо ги објавија Минди Калинг и Морис Честнат. Гала церемонија ќе се емитува на CBS на 5 јануари, со Ники Глејзер како водител.
Актерката Виола Дејвис, добитничка на ЕГОТ ќе ја добие наградата Сесил Б. Демил, а Тед Денсон ќе ја добие наградата Керол Барнет.
Златниот глобус е една од најпрестижните американски награди и е главен показател за тоа кои филмови или глумци имаат најголеми шанси на Оскарите, чие 97-то доделување ќе се одржи на 2 март 2025 година, а номинациите за него ќе бидат објавени на 17 јануари.