Наградата Ѓорѓи Македонски за Рисима Рисимкин

На Фестивалот за класичен балет и модерен танц, кој се одржа по петти пат, чиј уметнички директор е м-р Маја Каревски, а е во организација на Детскиот културен центар од Карпош, кој го води директорката д-р Бињана Лалчевска Серафимовска, беше воспоставена наградата „Ѓорѓи Македонски“ според основоположникот на македонскиот балет, кој постхумно доби награда за неговата дејност, која во негово име ја презедоа членови на семејството.
Веднаш потоа,на сцената ан Македонскиот народен театар, на кореографката и актуелна деканка на Филмската академија – Катедра за современ танц и балетска педагогија, при универзитетот „Гоце Делчев“, Рисима Рисимкин, која годинава одбележува 45 години уметничко творештво и беше врачена наградата „Ѓорѓи Македонски“ како Авангарден претставник во соврмената танцова едукација и творештво. Воедно, универзитетот „Гоце Делчев“ доби Благодарница за особен придонес во балетската уметност.
„Ми претставува огромна чест да добјам награда, која го носи името на Ѓорги Македонски, основоположник на балетската уметност кај нас, без чија работа никој од нас не би бил тука во моментов. Знаеме дека без минато, немаме ни иднина и сакам да ја споделам оваа награда со сите млади ученици и уметници кои вечерва ќе настапат на сцената, а кои се нашите идни балерини и современи танчари“ – изјави Рисимкин.