Нафтата со стабилни цени близу 35 долари за барел
Цените на нафтата останаа близу 35 американски долари на меѓународните берзи, поткрепени со индикации дека производителите го намалуваат производството и очекувањата за зголемување на побарувачката заради олеснителни мерки за спречување на пандемијата на новиот коронавирус.
На американскиот пазар се тргуваше со барел по 57 центи повисока цена – 32,39 долари, според договори за испорака во јуни. Според јулските договори, со кои значително се тргуваше, цената беше непроменета – 31,72 долари
На лондонската берза цената на барел попладнево беше речиси непроменета од претходната – 34,85 долари.