„Надреална вечер“ со д-р Неле Карајлиќ на 9 октомври во Филхармонија

Првоборецот на трите музички правци: новиот примитивизам, новиот бран и пост-панкот, доктор Неле Карајлиќ доаѓа во Скопје, на 9 октомври во Македонската филхармонија, за да спои две во едно:
Песните на Забрањено пушење, кои тој ги обележа, како и легендарното ТВ шоу “Топ листа надреалиста“, во кое Неле беше една од најважните и најкреативни фигури.
Песните на Забрањено пушење, кои тој ги обележа, како и легендарното ТВ шоу “Топ листа надреалиста“, во кое Неле беше една од најважните и најкреативни фигури.
„За 9 октомври, Д-р Неле Карајлиќ ни спрема крајно возбудлив и мултимедијален проект на кој ќе се потсетиме на некои од најлегендарните скечеви од “Топ листа надреалиста”, ќе ги запееме песните од Забрањено пушење и ќе позборуваме за надреалниот свет кој не’ опкружува; Уникатна можност за многу музика, многу смеа, но веројатно и по некоја солза, вели организаторот, Авалон продукција.
Влезниците се во продажба онлајн на avalonbooking.mk по цена од:
1.500 денари и ВИП – 2.000 денари (во лимитиран број).