Над илјада жртви од Ковид-19 во Косово од почетокот на пандемијата


Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 16 умрени и 626 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 673 пациенти.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, вкупната бројка на жртви на пандемијата во земјата надмина илјада, односно достигна 1.005.

Вкупно од појавата на вирусот, досега се евидентирани 39.057 заразени од новиот коронавирус, додека болеста ја совладале 24.427 лица.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.625 случаи.