Над Европа летаат се повеќе авиони, но и натаму многу помалку од лани
Се повеќе авиони летаат над небото над Европа откако почнаа да се укинуваат рестриктивните мерки воведени поради панмдемијата со новиот коронавирус.
Во изминатата недела Европската организација за безбеден авиосообраќај (Еуроконтрол) забележа 90.549 летови, што е само 36,6 отсто од летовите во истиот период минатата година.
Главниот директор на Еуроконтрол, Емон Бренан денеска на Твитер објави дека просечно дневно има нешто помалку од 13.000 летови.
Тоа е за 1.383 летови повеќе во споредба со претходната недела.
Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајнер“ значително придонесе за пораст на летовите, која имаше просечно 1.045 летови дневно изминатата недела.