Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје


Автомобилистичката федерација на С.Македонија, членка на Светската автомобилистичка
федерација (FIA) со задоволство во објавува одржувањето на седмото традиционално
Женско Рели 2026, што и оваа година ќе ги обедини жени љубители на мотоспортот,
адреналинот и тимскиот дух.

Релито се одржува со почеток во 10:30ч, на големиот паркинг на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

За учество во релито веќе има пријавено над 100 учеснички, а конечниот број се очекува да
биде и поголем, имајќи предвид дека пријавувањето трае до недела. Екипите составени
од возач и совозач ќе поминат градска рута, а потоа ќе ја покажат својата вештина и
умешност зад воланот во втората етапа – спретно возење на затворен паркинг во
безбедни услови, меѓу конуси.

Женско Рели има за цел да ја промовира улогата на жените во мотоспортот, тимската
работа и позитивната енергија, како и да ја подигне свеста за безбедност во сообраќајот.