Над 1.300 уапсени во Русија на протестите против мобилизацијата (Видео)


Над 1.300 лица се уапсени во Русија по протестите што експлодираа во повеќе градови низ земјата , откако претседателот Владимир Путин објави делумна мобилизација.

Независната мониторинг група за протести ОВД-Инфо соопшти дека според информациите што ги собрала од 38 руски градови, до доцна вечерта биле приведени повеќе од 1.311 лица.

Протестите во Москва и Санкт Петербург опфатија многу жени кои извикуваа „Не на војната!“. и „Не за мобилизацијата!“

Руските авиокомпании добија наредба  да престанат да продаваат билети на руски мажи на возраст од 18 до 65 години, додека граничните органи во Белорусија не им дозволуваат на Русите што доаѓаат на еродромот во Минкс да влезат во аемјата и да избегаат од воената обврска. Според извор на Новаја Газета од администрацијата на Путин, класифицираниот седми став од декретот за мобилизација му дозволува на Министерството за одбрана да мобилизира не 300 илјади, туку 1 милион луѓе во армијата.

Во исто време беа објавени фотографии од аеродромот во Москва каде што се гледаат многу млади луѓе на воена возраст како се подготвуваат да заминат од земјата. Но има и такви кои сакаат да ја „бранат“ Русија, покрај тие што се одзваа на повикот зошто мораат. (ВИДЕО). https://twitter.com/PjotrSauer/status/1572863899934019585?s=20&t=G9ZdBodGNolqFUXHc_nNZQ

Во Буратија, машките студенти од универзитетот се изведени директно од часовите. Некои училишта се затворија и се претворија во уписни канцеларии. Мажите се собираат и се регрутираат од малите села. Досегашната мобилизација укажува на тоа дека Јакутија, Саха, Бурјатија, Дагестан и  Чеченија се мобилизирани во непропорционално голем број. Ако ова се покаже дефинитивно точно, без сомнение станува збор за систематски напор да се распоредат етничките малцинства на Русија како топовско месо.Инаку, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа ако еден од регрутираните добил срцен удар и стана прва жртва на војната – уште пред да тргне на фронтот.

Украински извори тврдат дека Русија издала наредба за регрутирање и на украинските жени во окупираниот град Керсон во руската армија.

Русија досега прогласила мобилизација само три пати во историјата на земјата:

1 јули 1914 година (Прва светска војна)

2. јуни 1941 година (Втора светска војна)

3. септември 2022 година

На видеото долу е состојбата на руско-грузиската граница каде „реката“ од бегалци од мобилизацијата  е уште поголема.