Нацистички поздрав на Стив Бенон на конференцијата каде е Мицкоски. Французинот Бардела го откажа говорот

Лидерот на француската екстремно десничарска партија Национален собир, Жордан Бардела, го откажа својот говор на Конференцијата на конзервативната политичка акција на САД, откако поранешниот близок советник на Трамп, Стив Банон, упати нацистички поздрав на крајот од неговиот говор синоќа, јавуваат француските медиуми.
Бардела рече дека ја донел одлуката како одговор на „гестот кој алудира на нацистичката идеологија“ на Банон, пренесе АФП.
Бенон, поранешен советник на Доналд Трамп демонстративно ја испружи раката за време на говорот на Конференцијата, собир на кој ќе учествува и американскиот претседател и неговиот советник Илон Маск, кој и самиот веќе беше критикуван за сличен двосмислен гест минатиот месец.
„На оваа говорница (во четвртокот), додека не бев присутен во просторијата, еден од говорниците си дозволи, како провокација, гест кој се однесува на нацистичката идеологија. Следствено, веднаш донесов одлука да го откажам својот говор закажан за попладнево на настанот“, рече Бардела во изјавата.
Неговата придружба потоа појасни за АФП дека европратеникот навистина го таргетирал Стив Банон, кој беше гостин на конгресот на Националниот фронт – откако беше преименуван Националниот собир – во 2018 година во Лил. Илон Маск исто имаше сличен двосмислен гест минатиот месец.