Националната стратегија за образование нема да се повлече заради реакција на невладини за родот
Реакцијата на некои невладини организации не може да биде причина на повлекување на Националната стратегија за образование 2026-2032, која веќе е поставена на ЕНЕР и за која до крајот на годината се очекуваат да пристигнуваат забелешки.
Имено, деновиве откако националната стратегија се најде на ЕНЕР, од Коалицијата за заштита на децата реагираат дека „УНИЦЕФ – „релевантната меѓународна организација“, како што ја нарекуваат од МОН, за подготовка на Националната стратегија за образование на Македонија 2026-2032 сметаат дека преку воведување на родово-сензитивно образование ќе ги превоспитаат и родителите и целото општество да веруваат дека можат да си го менуваат својот род/пол, денес машко, утре наутро женско, утре вечер ниту машко ниту женско….“
Министтерката весна јаневска вели дека „ова е еден проблем кој се појавува, во кој една група или неколку невладини организации реагираат на зборот род, кој во стратегијата е децидно употребен да направи разлика меѓу машкиот и женскиот пол, а го има и во многу други стратегии и документи“.
Јаневска смета дека тоа треба да се расчисти, за што имаме и катедра за родови студии, има науки за родови студии, еднаквост меѓу половите итн.
„Во овој момент многу малку препораки има стигнато. Најголем дел од нив ќе бидат вградени и не се суштински. Друг проблем во врска со стратегијата нема“, потенцира Јаневска.
Поојасни дека Стратегијата ја потпишува само министерот, а ќе стои на ЕНЕР до 31 декември, за да не стигне некоја забележка, за веднаш потоа да може да биде донесена.
Смета дека Стратегијата треба да биде континуитет, на веќе почнатите промени. Јаневска е уверена дека со неа ќе се подобри инклузивноста во предучилишните усптанови, каде има дисбаланс со ЕУ. Треба да се зголемат капацитетите за едносменска настава, инклузија на децата со посебни образовни потреби во образовниот систем, зајакнување на капацитетите на наставниците, продолжување на промената на анаставните програми соодветно на барањата на модерното време и пазарот на труд.
„Воведуваме, во средното образование, една година специјалистичко во средно стручното, но и проодност на образованието од средно кон универзитетите и воведуваме кратки стручни студии со проодност до завршување на факултет. Во високото образование многу скоро ќе се донесе Законот за високо образование, Законот за квалитет во високот образование и Законот за научно-истражувачка дејност, што ќе донесат значајни промени во високото образование. Веќе почна да се работи на научно истражувачката дејност, а круна би требало да биде отворањето на првиот научно-технолошки парк“, рече Јаневска.