Начо: Франција на Евро 2024 игра повеќе дефанзивно


 Дефанзивецот на шпанската фудбалска репрезентација Начо Фернандез ги сподели своите очекувања од полуфиналниот натпревар на Евро 2024 против Франција.

– Тие се многу силни на физички план. Исто така имаат играчи на многу високо ниво. На ова Европско првенство можеби играат повеќе одбранбено од вообичаено, но тие се тим кој може да ве спречи, кој може да ве натера во вашата зона во многу минути од натпреварот, а тоа е она што не го сакаме. Нашата идеја е да ја преземеме иницијативата во свои раце, како што направивме со другите противници на овој турнир, изјави Начо за „Marca“.

Полуфиналниот натпревар на Евро 2024 меѓу Шпанија и Франција ќе се одигра утре, 9 јули со почеток во 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.