На трошок на изведувачот повторно се санираат дел од оштетените улици од минатогодишните поплави во Делчево


Во Делчево ви тек се градежни активности за санација на дел од оштетените улици кои беа реконструирани по невремето со поплави што го зафати Делчево. Со санацијата како што информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски се опфатени дел од улиците „Вера Јоциќ“ и „Браќа Миладинови“.

 

-Санацијата се прави по констатирани забелешки на надзорниот орган и инвеститорот заради неквалитетни завршени работи од страна на изведувачот. Санацијата е на трошок на изведувачот, информираше Трајковски.

Апелираше за време на изведбата да се користат алтернативни сообраќајници.

-Слични активности ќе бидат реализирани и на останати места каде ќе бидат утврдени грешки, додаде Трајковски.

Во невремето кое го зафати Делчево минатото лето настрадаа повеќе улици во населбата Милково Брдо.