На телефон пријавете штети и паднати дрвја во Општина Аеродром


Откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме мобилни екипи на Општина Аеродром излегоа на терен и почнаа со расчистување на јавните површини.

Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот. Штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.

Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето! Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети.