На стража покрај гласачките ливчиња
Махмут Танал, турски пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), објави на Твитер фотографија на која членовите на партијата спијат во еден окружен избирачки центар во Истанбул за да ги заштитат гласачките ливчиња за очекуваното пребројување.
„Сликата на денот е од Турција“, изјави Мустафа Акјол, висок соработник во Институтот „Като“, кој ја сподели орографијата на Танал. „Гласовите се пребројуваат во Истанбул, а партиските претставници буквално живеат и спијат со нив за да спречат какво било местење“, додаде Акјол.
Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) побара пребројување на гласовите во 19 окрузи во Истанбул, по локалните избори во неделата откако победи кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу.
Од неделата официјални претставници на ЦХП престојуваат преку ноќ во окружните изборни центри поради стравувањата дека официјалните претставници на АКП може да направат местење на гласачките ливчиња.
„Гледајте внимателно, не можете да видите слична слика на други места во светот, ние чуваме стража три дена за да ги заштитиме гласовите од крадење“, рече Танал на Твитер.
(Ахвал)