На Скопска Црна Гора гори нискостеблеста шума

Поголем пожар во моментов е активен на Скопска Црна Гора.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека гори нискостеблеста шума  на поголема површина.

Во моментов интервенира една екипа со тројца пожарникари и се работи на тоа да не се прошири пожарот.