На Скопје му се заканува блокада – Арсовска не го поднела предлог-буџетот за 2025 година
На Град Скопје му се заканува финансиска блокада, откако скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не го поднела предлог-буџетот за 2025 година во законскиот рок, до Советот на Град Скопје.
Како што на прес-конференција обелодени советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, се остварило сцнариото на кое предупредувале за целосна блокада на Град Скопје.
– Сега и се случува тоа. Кумата на хаосот во Скопје, прикрај на својот мандат, поддржана од коалицијата ЛЕВИЦА – СДС – ДУИ, продолжува со црните сценарија за Град Скопје. Во историјата на Град Скопје, до денес се нема случено да биде доведено во прашање функционирањето на градот во целина – изјави Кирков.
Тој додаде дека без буџет за следната година, Град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија и установите во Град Скопје.
Кирков, во името на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, ги повика сите државни институции, Владата, веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем.
Од Град Скопје пак, со соопштение реагираа на прес- конференцијата на Кирков, апелирајќи ВМРО-ДПМНЕ да не шири лаги, манипулации и дезинформации во врска со расправата во однос на предлог-буџетот за 2025 година.
– Предлог-буџетот се доставува до Советот на општините седум дена пред расправата за него. Ова е предвидено со закон и важи за сите единици на локалната самоуправа. Согласно со глупавата логика на анонимуси од ВМРО-ДПМНЕ, без буџет за следната година, ќе останат и ќе бидат во „мрак“ и општините каде што раководат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, кои исто до денес немаат доставено предлог-буџети за 2025 година. Предлог-буџетот, кој ќе го претставиме пред Советот, е развоен и инвестициски, а граѓаните на Градот Скопје ги повикуваме да не наседнуваат на лагите на анонимуси – наведуваат градските власти.
Sрсовска треба да сноси одговорност за ваквото несовесно и неодговорно работење кое може да предизвика целосна блокада во функционирањето на градот. Не сакам да верувам дека можеби постои токму таква намера!, објави на Икс претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
КУЛМИНАЦИЈА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ И АРОГАНЦИЈАТА НА АРСОВСКА
Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот на Совет Стефан Кирков од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ,… pic.twitter.com/OVN1aJpQ1A
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) December 11, 2024