На познат фудбалер му пропадна бизнисот: На работниците им должи 50.000 евра


Легендарниот велшки фудбалер Рајан Гигс беше принуден да го затвори својот луксузен ресторан откако потфатот пропадна поради финансиски проблеми, а работниците останаа без плата.

„George’s Dining Room and Bar” во Ворсли, во близина на Манчестер, беше затворен на почетокот на февруари поради големи финансиски долгови.

Компанијата должи вкупно 600.000 евра, а последните информации велат дека на своите работници им должи околу 50.000 евра плата. Вкупно 22 работници останаа без работа.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед остана и без повеќе од 100.000 евра кои ги дал од свој џеб, а најголемиот дел од долгот оди на данок.

Гигс го отвори ресторанот со пријателите Келвин Грегори и Берни Тејлор во 2014 година. Познатиот велшки фудбалер претходно зборуваше за тоа како се оствариле неговите соништа бидејќи отсекогаш сакал да отвори ресторан со своите пријатели од детството. Тие, исто така, сакаа да ја направат областа Ворсли попопуларна и „дестинација за храна“.

„Се знаеме 30 години и секогаш сме кажувале дека би било одлично да направиме вакво нешто заедно. Сите сме локални момци и живееме овде цел живот, па сакавме да направиме нешто големо за Ворсли”, рекол Гигс за неговиот деловен потфат.

Гигс потоа формираше група со поранешниот соиграч Гери Невил што го лансираше „Хотел фудбал“ на Олд Трафорд, а потоа и „Хотел за берза“ во центарот на градот.