На пациент со Алцхајмер не му доделуваат нега од друго лице, му рекле можеш сам


Осумдесет и двегодишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари.

Овие пари болниот скопјанец ги земал како надомест за помош и нега од друго лице, а за него се грижи неговата сопруга. Но иако болеста на Лазески прогресира, тој тешко се движи, не може да зборува, не ги познава блиските, не може сам да јаде, му треба помош при вршење на физиолошките потреби и за сето ова семејството поседува уредна медицинска документација, сепак Комисијата проценила дека пациентот не го остварува правото на надоместок и дека може сам да се грижи за себе.

За семејството на Лазевски оваа одлука е апсурдна и тие денес поднесоа жалба на ваквото Решение до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје-Карпош. Месечната сума од 4.711 денари овој човек ја земал во период од околу 5 години, а семејството вели дека болеста не се повлекува, туку прогресира. Тие прашуваат како може за пациент со ваква дијагноза да се процени дека може сам да се грижи за себе.

Согласно со член 52 од Законот за социјална заштита, министерот за здравство со решение формира комисија за подготвување наод, оцена и мислење, во постапката по изјавена жалба против првостепено решение со кое е одлучено за правото на помош и нега од друго лице.

„Не можам да сфатам човек со таква дијагноза, на кого фатен му е центарот за говор, тешко оди, да го транспортираме треба да се ангажираме повеќе лица… ми велат дека сам може да се грижи за себе. Документи се носат на неколку месеци, а за тоа ние го носиме од едно на друго место за пак да собереме документација. Татко ми ги исполнува условите да дојде комисија дома и да го прегледа, а тие згора на сѐ, уште велат дека сам за себе може да се грижи и му го укинуваат и тој надомест што го зема, а за него се грижи мајка ми”, вели Весна Цветиновска, ќерката на пациентот кого Комисијата го одбила.

Семејството на Лазевски до редакцијата на МКД.мк достави документи во кои ја има дијагнозата на пациентот, како и решенијата од истиот центар што со години одлучува дека човекот според дијагностицираните болести, има потреба од грижа од друго лице, како и новото решение во кое, истиот овој здравствен центар вели дека сега Лазевски сега може сам да се грижи за себе.

Целиот текст ТУКА