На отпадот кај Осиек имало половина милион тони пластика, место законските 20.000 тони


Во компанијата „Драва интернешнл“ во Осиек сѐ уште гори пластиката. Не е како вчера, пламенот е помал, но сѐ уште не е целосно изгаснат. Пожарникарите се надеваат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот во текот на утрото.

Штабот за цивилна заштита на Осиечко-барањската жупанија издаде препорака за прекин на работата на фирмите во индустриската зона Антуновац, од денеска. Повеќе информации се очекуваат денеска по мерењата за квалитетот на воздухот.

Пожарникар: Течната пластика нè гореше долу, а ние не ни знаевме

Главниот командант на Противпожарната бригада ОБЖ, Зоран Пакшец утрово во интервју за ХРТ ги откри најновите информации од местото на пожарот.

Тој откри и дека тешко повредениот пожарникар ќе биде пренесен во Загреб во болница.

„Ситуацијата е под контрола“
„Вчеравечер дежураа 20 пожарникари за спречување на ширење на пожарот,  со 10 противпожарни возила. Можам да кажам дека состојбата е под контрола и пожарот остана во границите на секторот што вчера го утврдивме. Она што го гледате е горење на последните остатоци од пластика. Моравме да истуркаме дел од пластиката за да го заштитиме објектот предметот. Сега имаме брифинг на кој ќе одлучиме за понатамошната тактика“, рече Пакшец.

„Течната пластика е како лава“
„Течната пластика течеше како лава. Учиме, сите стратегии што ги научивме не функционираа, моравме да научиме некои други стратегии. Течната пластика гореше под нас, а токму ова беше една од причините зошто настрада еден колега. Денеска ќе го превезат во Загреб, се надевам дека е стабилен и дека патувањето ќе помине добро“, изјави Пакшец за ХРТ.

При гаснење на пожарот од пластика складирана во осиечката компанија „Драва интернешнл“, повредени се тројца пожарникари, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди.

Потсетуваме, голем пожар вчера по полноќ избувна на депонијата складирана пластика на излезот од Осиек кон Бријесто, а причината засега не е позната.

Иван Анушиќ, жупан на Осиечко – Барањската жушанија, зборуваше за РТЛ Директ од местото каде  избувна пожарот во Осиек.

„ХДЗ штотуку ги презеде округот и градот“
Водителката го праша кои институции требало да реагираат кога се знаело дека ХДЗ е на власт во жупанијата, градот и државата. „Дали требаше да испратите инспекција, да проверите дозволи, дали и вие ова го гледате како ваша одговорност? 

„Каква врска има ова со ХДЗ госпоѓо? Се работи за државни институции и инспекции. Овде се трупало веќе 20 години. Пред шест години ХДЗ штотуку го презеде округот, а пред две години градот Осиек. Не поминуваат тие политички приказни.

„Станува збор за класична злоупотреба на она што е направено овде, неработење и неработење на оние кои требало да го контролираат ова, да го спречат кога доаѓале предупредувања, кога починала млада жена која чистела“, рече Анушиќ, кој најави дела лично ќе напише писма до сите релевантни служби.

Прашан кои се овие луѓе кои не вршеле контроли.

„Па, инспекторатот, ДОРХ, полиција, не знам ни кој. Немам поим. Јас не сум ниту ДОРХ, ниту полиција, јас сум жупан. Седам овде, од синоќа сум овде на терен, се обидуваме да ги исправиме работите и се молиме на Бога или не знам на кој и се надевам дека работите ќе почнат да се решаваат, дека секој си ја работи работата како што треба и дека вакви несреќи нема да се случуваат.

Оваа катастрофа е огромна, ја загади целата област и соседните и стигна до Босна и Херцеговина“, додава тој.

Повика, да дојде  форензички тим од Загреб и максимално професионално да направи анализа, да спроведе истрага зошто настанал овој пожар.

Смета дека пожарот не можел да настане сам од себе во октомври на таков терен.

Вели дека тој не може да влезе во простор на приватна компанија и да решава некои работи кои очигледно не се добри, но затоа служби кои се платени за тоа, се назначуваат и нека си ја сработат работата.

„Нека се провери и нека се види зошто се случи ова и нека се откријат виновниците. Ќе видите дека ќе имате виновници колку сакате ако тоа се направи според законот и правилно“, рече Анушиќ.

„Да се ​​правеше според законот, немаше да има пожар“
Прашан дали мисли дека до сега работите не се правеле според законот и правилата.

„Да се ​​правеше според законот и правилата, немаше да има половина милион тони фрлена пластика од која расте плевел и трева. Ваков пожар немаше да има бидејќи според закон, таму требало да има складирано 20 илјади кубни метри, а тука имаше половина милион“, вели Анушиќ.

Сопственикот на фирмата тврди дека пожарот сигурно бил подметнат.

„Кај тој сопственик на фирма веќе имало неколку пожари и во претходните фирми и секогаш се завршувало со оган, служби има, ниту ти во студиото на РТЛ, ниту јас овде не можеме да го решиме“, вели Анушиќ.