На околу 1.000 лица без документи им се заканува истата судбина како на Мемет


Ромалитико, Институт за истражување и анализа на политики бара системско решение за лицата без документи посочувајќи дека Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него, посочуваат тие, постојат и други примери на лица кои го загубиле својот живот или се соочиле со сериозни потешкотии во процесот на добивање здравствена заштита.

-Моментално имаме околу 1.000 лица без документи кои под закана да ја имаат истата судбина како Мемет.Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса бидејќи живеел во дом кој е дивоградба. Што значи ова и какви проблеми произлегуваат од оваа состојба?

Најпрво, ромските населби се соочуваат со проблемот на влез на населбите во урбанистичките планови. За да може еден дом да се легализира потребно е населбата да е дел од ДУП и/или ГУП. Предлог Законот за легализација на бесправно изградени објекти не успеа да ја реализира својата цел и да обезбеди легализација на домовите на овие сиромашни семејства, туку честопати беше користен за други цели. Проблемот со легализација покрај тоа што им го оневозможува уживањето на основни човекови права, дополнително ја доведува ромската заедница во состојба каде што не можат да го докажат правото на сопственост врз земјиште и оваа состојба се пресликува на идните генерации со можност/закана за нивно иселување, но исто така им создава потешкотии во пристапот до комунални услуги (вода и електрична енергија). Поради овие проблеми потребно е итно да се изготви и изгласа законско решение кое ќе им овозможи основни услови за живот за оваа категорија граѓани.

Конкретно за лица кои немаат документи, решение може да биде и алтернативна можност за пријава на адреса во Центарот за социјални работи или општината. Време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта.

Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личнатакарта и за кои исто така треба да постои решение.

Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста за пристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право. Апелираме итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи. Тагата е неизмерна, меѓутоа не треба да дозволиме да имаме уште вакви случаи.

 

Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат идруги примери на лица кои го загубиле својот живот или се соочиле со сериозни потешкотии во процесот на добивање здравствена заштита. Моментално имаме околу1000 без документи кои под закана да ја имаат истата судбина како Мемет.

Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса бидејќи живеел во дом кој е дивоградба. Што значи ова и какви проблеми произлегуваат од оваа состојба?

Најпрво, ромските населби се соочуваат со проблемот на влез на населбите во урбанистичките планови. За да може еден дом да се легализира потребно е населбата да е дел од ДУП и/или ГУП. Предлог Законот за легализација на бесправно изградени објекти не успеа да ја реализира својата цел и да обезбеди легализација на домовите на овие сиромашни семејства, туку честопати беше користен за други цели. Проблемот со легализација покрај тоа што им го оневозможува уживањето на основни човекови права, дополнително ја доведува ромската заедница во состојба каде што не можат да го докажат правото на сопственост врз земјиште и оваа состојба се пресликува на идните генерации со можност/закана за нивно иселување, но исто така им создава потешкотии во пристапот до комунални услуги (вода и електрична енергија). Поради овие проблеми потребно е итно да се изготви и изгласа законско решение кое ќе им овозможи основни услови за живот за оваа категорија граѓани.

Конкретно за лица кои немаат документи, решение може да биде и алтернативна можност за пријава на адреса во Центарот за социјални работи или општината. Време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта.

Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личнатакарта и за кои исто така треба да постои решение.

Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста за пристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право. Апелираме итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи. Тагата е неизмерна, меѓутоа не треба да дозволиме да имаме уште вакви случаи, порачуваат од овој Институт.

Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“,почина на 19-годишна возраст на КАРИЛ. Тојнемал можност да прави здравствени прегледи, бидејќи немал документи за лична идентификација.Министерот за здравство Фатмит Меџити Фатмир Меџити, на денешна прес-конференција во клиниката ТОУРАЛЕЦ рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај.

Од Македонското здружение на млади правници, кое со години се занимава со оваа проблематика – како ранливите да добијат документи за да може да ги остварат своите права, смртта на Мемет Камбер ја нарекуваат „општествен неуспех, кој почнал на шалтер на МВР каде не му дале лична карта поради бирократските пречки“.