На Малта уапсен маж поврзан со убиството на истражувачката новинарка
На Малта е уапсен маж осомничен за посредување во убиството на најпознатата новинарка, која се занимаваше со истражување на корупција, Дафне Карун Галиција, објавија полициски извори. Се претпоставува дека посредникот ја поврзал личноста осомничена дека го нарачала убиството со обвинетиот за нејзиното убиство, како и со оние кои набавиле експлозивна направа користена во убиството.
Весникот „Тајмс оф Малта“ пренесе дека владата разгледува можност за помилување ако посредникот ги доведе истражителите до организаторот на убиството. Според „Тајмс оф Малта“, во истрагата учествувале експерти од Европол.
Галиција, која пишувала блог за корупција, беше убиена со автомобил-бомба во момент додека го напуштала својот дом во близина на главниот град Валете, во 2017 година.
Убиството ја шокираше Европа и постави прашање за владеење на законите на овој медитерански остров.
Тројца мажи за кои постои сомневање дека го извршиле убиството, уапсени се по убиството. Премиерот Џозеф Мускат изјави дека сака целосна вистина за тоа убиство, дури и ако тоа значи дека владата треба да донесе „тешки одлуки“.