На „Козара“ се градат седум згради, улицата градилиште


На улицата „Козара“ во моментов во градба се сдум објекти, па улицата наликува на градилиште, а видливи се и оштетувањата нанесени од двиѓењето на градежната меахнизација и градежните материјали. 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со инспекторите од Секторот за инспекциски работи денес извршија увид во состојбата со градежните активности на улицата „Козара“, во Општина Центар, откако јавноста реагираше на градежната експанзија што се одвива на улицата „Козара“.

Имено, дури седум згради, во моментов се градат токму на оваа улица, но и непосредноста на градежните парцели на зградите.

Поради обемните градежни активности и секојдневниот сообраќај на тешка градежна механизација, видливи се и оштетувањата на улицата и големите дупки на коловозот, кои општината ќе ги санира во најбрз можен рок.

„Во целост го разбирам револтот на јавноста, но и на жителите кои живеат во околината. Поради тоа и денес сме овде, на лице место, да се увериме во состојбата на оваа улица и да видиме што можеме да направиме за да ја вратиме во нормално функционирање. Затоа и општинските инспектори се денес со нас и за евентуалните прекршувања на законските одредби одговорните лица ќе си сносат одговорност. Целата состојба со улицата е загрижувачка, а видливи се и оштетувањата на коловозот. Секторот за инспекциски работи ги задолжи инвеститорите во рок од три дена да го отстранат целиот градежен шут од тротоарите, во спротивно, ќе следуваат санкции“, изјави по увидот градоначалникот Герасимовски.

Градоначалникот додаде дека ќе се запази одвивањето на сообраќајот на градежната механизација во околината и дополнително внимание ќе се посвети на обврската на миењето на гумите на возилата. Општина Центар во најбрз можен рок ќе ги санира дупките и оштетувањата на коловозот и ќе го нормализира движењето на возилата во овој дел од Општина Центар.