На Кипар регистриран рекорден број случаи на Ковид-19
Министерството за здравство на Кипар соопшти за 751 нов случај на Ковид-19, што претставува рекорден број новозаразени на дневно ниво од почетокот на епидемијата.
Новите случаи се по направените 13.482 тестови (ПЦР и рапид), а бројот на заразени се зголеми на 20.408 лица.
Регистриран е и еден смртен случај, вкупно 113 од почетокот на епидемијата.
Хоспитализирани се 153 лица, од кои 51 е во сериозна состојба.
Од вчера, во вкупниот број нови случај се вклучени и оние по направените брзи тестови и нема повеќе да се користи праксата позитивниот резултат од брзиот тест да се потврди со нов ПЦР тест.
На Кипар во тек е вакцинацијата која започна во неделата, а денеска меѓу оние кои ќе се вакцинираат е и архиепископот Хрисостомос Втори.