На Камчатка пронајдени 17 тела во паднатиот руски воен хеликопте
Остатоци од воениот хеликоптер Ми-8 кој вчера исчезна со 22 патници се пронајдени денеска на рускиот Далечен Исток, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, додавајќи дека се пронајдени 17 тела. „Пронајдени се 17 тела“, соопшти руското министерство, додавајќи дека потрагата ќе продолжи утре.
A Mi-8 helicopter with 22 people on board vanished in Russia’s remote Kamchatka region. Nearly 24 hours later, the wreckage was found — no survivors
The helicopter suddenly lost contact yesterday morning, and poor visibility hampered rescue efforts. When the wreckage was… pic.twitter.com/u5ZI5E3jfw
— NEXTA (@nexta_tv) September 1, 2024
Министерството објави видео од потрагата во вулканската област, на која од спасувачки хеликоптер на земја се гледаат остатоците од соборениот хеликоптер. Хеликоптер Ми-8 од советски дизајн исчезна од радарите во саботата на Камчатка, каде ваквите несреќи се вообичаени поради староста на леталото. Во хеликоптерот имало тројца членови на екипажот и 19 патници. Се истражуваат околностите на несреќата.
Камчатка е позната по прекрасните пејсажи, кои туристите сакаат да ги прелетуваат со хеликоптер, за што скапо плаќаат.
Во август 2021 година, хеликоптер Ми-8 со 16 патници, меѓу кои 13 туристи, се урна во езеро во Камчатка поради слаба видливост. Осум лица загинаа. Во јули истата година, патнички авион со 22 патници и шест членови на екипажот се урна додека се подготвуваше за слетување на Камчатка. Никој не преживеа.