На Флорида средба помеѓу Дмитриев и Виткоф
Руска делегација предводена од специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев оствари средба со американска делегација во Флорида, изјави специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф.
Тој на платформата Икс објави дека делегациите разговарале за „различни теми“ и оти се согласиле „да одржуваат контакт“.
Додека Дмитриев, исто така на Икс, му се заблагодари на Виткоф, на зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, и на високиот советник на Белата куќа, Џош Груенбаум за продуктивната средба во Флорида.
Двете делегации разговарале за руско-американската економска соработка.