На Додик му го одзедоа мандатот за претседател на Република Српска

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на Република Српска, постапувајќи по пресуда на Судот на БиХ. Одлуката била донесена едногласно, а Додик има право на жалба, по што ќе бидат распишани предвремени избори во рок од 90 дена.
„Ова е уште едно срање од Сараево, последно“, кратко напиша 66-годишниот Додик на Икс.
Додик влегол во политичкиот живот во 1980-тите, а за претседател на Република Српска првпат беше избран во 2010. Од 2018 до 2022 беше член на претседателството на БиХ.