На Бугарите им се одмили заедничкото славење


Фото: Б. Грданоски

 Смртта на големиот македонски великан годинава ќе си ја одбележуваме сами, бидејќи политичарите во Бугарија се зафатени со правењето влада, а и на последното заедничко одбележување не помина славно бидејќи беа дочекани со затворена граница, големо полициско обезбедување и хеликоптери. Така, според најавите, утре преставници на државниот врв, на политичките партии и на други организации сами ќе ја одбележат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а единствена безбедносна мерка ќе биде посебниот сообраќаен режим.

Дека Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, бидејќи не постигнале договор, претходно соопшти в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Според него, оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари. Тогаш, тројца бугарски државјани беа приведени на граничниот премин Деве Баир откако со часови провоцираа, се караа и се обидуваа дури и физички да пресметаат со граничарите.

Во Бугарија, одбележувањето ќе се одржи пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија и во Благоевград.