На Андреј Ковачев му пречи и 11 Октомври
Откако пред извесно време изјави дека „АСНОМ е еден од темелите на антибугаризмот во Македонија“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев (кој е од партијата на премиерот Борисов) сега му пречи и 11 Октомври. Според Ковачев, прославата на Денот на востанието била „антибугарска провокација“.
Веднаш откако премиерот Зоран Заев беше во Куманово на прославата на Денот на востанието и таму одржа кус говор, Ковачев на Фејсбук напиша:
„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? Србоман убива Бугарин, татко на три деца и роднина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“, ги повтори на ист начин европратеникот своите тези за бугарското потекло на македонскиот народ. Тој исто така сподели линк македонскиот неделник „Фокус“ во кој е објавена честитката на премерот Заев за денешниот празник.