На 86 години почина Ана Гиева, легенда на македонската народна музика

Почина пејачката Анка Гиева, една од легендите на македонската народна музика. Имаше 86 години. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.
Родена во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.
Одликувањето беше доделено за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.