На 70-годишна возраст почина Тито Џексон, братот на Мајкл Џексон
Членот на Џексон 5 и брат на Мајкл Џексон Тито Џексон почина на 70-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја сподели Entertainment Tonight, а неговите деца ја објавија на социјалните мрежи.
„Со тешко срце објавуваме дека нашиот сакан татко, член на Куќата на славните на рокенролот, Тито Џексон повеќе не е со нас. Шокирани сме, тажни и со скршено срце. Нашиот татко беше неверојатен човек кој се грижеше за сите “, изјавија неговите синови Ти Џеј, Дет и Тарил.
Тито беше трето од деветте деца од семејството Џексон. Роден на 15 октомври 1953 година, Торијано Адарил Тито Џексон беше придружен вокал, свирејќи гитара во групата Џексон 5.
Покрај него, во групата беа браќата Џеки, Џермејн, Марлон и Мајкл. Семејната група, која беше примена во Куќата на славните на рокенролот во 1997 година, објави неколку хитови број еден како „ABC“ и „I Want You Back and I’ll Be There“.
Џексон 5 стана едно од најголемите музички имиња под водство на таткото Џо Џексон, работник во челичарница и гитарист кој ги издржуваше неговата сопруга и девет деца во Индијана. Како што почна нивната музичка кариера, тие се преселија во Калифорнија.
Во 2016 година, тој објави соло проект наречен „Tito Time“. После тоа, тој ја објави песната „One Way Street“ во 2017 година.