На 26 март во „Бели мугри“ отворање на изложба од Ана Митевска


 Во НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани за 26 март е закажано отворање на самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж – светлина во темнината“. Куратор е Јасминка Намичева, кустос советник. 

-Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години, велат од кочанската Национална установа.

Отварањето на овој настан од културата закажан за четврток е планирано да започне во 19 часот во Салон „Фоаје 2“. 

Изложбата е дел од проектот „Преземање изложби за 2026 година“ кој е финансиран од Министерството за култура и туризам.