На 10 декември протест за чист воздух во Скопје
Независната коалиција Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември организира протестен марш за чист воздух.Како што соопштија од ЗХГ, маршот ќе почне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и завршува пред Владата.
-Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови – велат од коалицијата.
Сѐ што треба е само да дојдете и да застанеме рамо до рамо за чист воздух! Скопје мора да дише! Македонија мора да дише, порачаа од ЗХГ.