На 1 јануари се отвора скијачкиот центар Михајлово
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев информираше дека се вршат последните подготовки пред официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“ кое ќе се одржи на 1 јануари 2025 година. Од општината нагласуваат дека овој проект ѝ донесува на Македонија современ скијачки центар, сместен во срцето на Кожуф планина.
Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сеуште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.
Минатиот месец, Јанчев објави дека овој скијачки центар ќе располага со ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар, филтри 4 броја, хидрант 4 броја, снежни топови 2 броја и заштитна мрежа 20 броја.
Првата ски-патека ќе го носи името „Македонија“.
Инвестицијата за овој центар се донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација на Комерцијална банка, а 115.000,00 евра се донација од Кожувчанка ДОО.