МЗТ Скопје Аеродром со кош во последните секунди го совлада ТФТ


Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го совлада вечерва во Гевгелија лидерот ТФТ со 70-69 во дерби натпреварот од 18. коло од МТел Супер кошаркарската лига.

Дербито на двете водечки екипи донесе неизвесен натпревар во кој МЗТ Скопје дојде до победата во завршните секунди.

МЗТ Скопје го отвори натпреварот со предност од 17-12 по првата четвртина, но ТФТ до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја корист и замина на пауза со водство од 33-29.

ТФТ ја одржуваше предноста до средината на четвртата четвртина, кога МЗТ Скопје израмни на 57-57, а потоа со тројката на Дамјан Стојановски дојде и во водство.

Во драматична завршница, ТФТ при резултат 69-69 не го искористи својот последен напад, а во завршните пет секунди Смит на спротивната страна реализираше едно од двете слободни фрлања и му донесе победа на актуелниот шампион.

Гил со 16 и Смит со 13 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, додека Дејвис со 21 поен беше најефикасен кошаркар на ТФТ.

РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО

Тиквеш Голден Игл – Ангели 114:90

Гостивар – Чаир 2030 76:81

Кожув – Феникс 2010 113:98

Работнички – Маџари 97:7

Пелистер – МКК Куманово 92:62

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 69 – 70.