МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Скопје, препораки за празничните денови


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.

Меѓутоа имајќи ја предвид стабилната временска состојба, согласно временската прогноза од УХМР и фактот дека има надминување на праговите на информирање на РМ10 за Скопје, можно е во следните денови да има зголемени концентрации на РМ10.

Од тој аспект Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува:

· Возила да не се користат без поголема потреба

· Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

· Да се користи јавниот превоз

· Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

· Правилно да се користат печките за дрва

Дополнително, препорака на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија е најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма) да го ограничат движења и активности на отворен простор во загадените зони на градот.