МВР потврди дека Спасов бил пијан
Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац (54) бил под дејство на алкохол кога вчеравечер со својот автомобил удрил во 21-годишна девојка во скопската населба Кисела Вода, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата не открива колку промили алкохол во крвта биле измерени во крвта на Спасов. Според МВР, несреќата се случила во вторникот околу 19.20 часот на улицата „Антон Попоб“ во Скопје, кога Спасов со автомобил „БМВ“, удрил во пешакот Е.С. (21), која итно била префрлена во Градската болница „Св. Наум Охридски“. По укаѓаната лекарска помош, пуштена е на домашно лекување. Истрагата е во тек.