МВР го потврди нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

За немилиот настан синоќа прв информирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според бугарските медиуми, по тој повод Ковачев веќе разговарал со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
„Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во центарот за култура. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани“, изјави Ковачев.
Според него, состојбата на претепаниот секретар не е добра и вели дека има сериозни физички, но и психички повреди.
Секретарот бил пренесен во охридската болница каде што му констатирале тешки телесни повреди.