МВР до ДИК ги достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти


Министерството за внатрешни работи денеска во 20:00 часот ги до Државната изборна комисија достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој во објавата потенцира дека со ова Министерството го испочитува за доставување на овие податоци до ДИК во законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во петок го потпиша Решението за распишување на изборите за членови на советите на општините, Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, кои ќе се одржат на 17 октомври годинава согласно законската рамка и роковите утврдени со Изборниот законик.