МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода

Запрашан во кои општини се „чешлаат“ дивоградби и дали припадници на МВР влегле во Општина Чаир, министерот за внатрешни работи, Панче Tошковски информира дека една од општините во кои што во текот на вчерашниот ден е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е и токму општината предводена од градоначалникот Висар Ганиу.
-Една е исто така општина Сарај и полициски службеници од МВР во текот на вчерашниот ден имаат влезено во Општина Аеродром за да обезбедат одредени докази поврзани со бесправна градба. Kолку што имам информации, вчера или денес исто така ќе се влезе и во рамки на Општина Кисела Вода. Засега не би можел да споделам информација во врска со официјални документи. Ова се тековни работи на МВР. Секојдневно се постапува – рече денеска Тошковски.
Доколку се утврди дека постојат дивоградби, министерот рече дека ќе се постапи согласно закон односно ќе бидат предмет на уривање.