Мурињо сака да ја предводи Португалија на Мундијалот 2030

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, сака во иднина да ја предводи португалската репрезентација.
– Сакам да одам на Светското првенство: без разлика дали со Португалија или со репрезентација од друга земја. Но, мислам дека треба да биде Португалија. Не се нудам на Португалската фудбалска федерација, сè треба да се случи природно. Еден ден ќе се случи, изјави Мурињо.
Светското првенство во 2030 година ќе се одржи од 13 јуни до 21 јули во Шпанија, Португалија и Мароко. Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на по еден прв натпревар.