Мурињо и Реал Мадрид во проблеми пред дуелот од ЛШ со Интер


Сериозни проблеми има тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо пред првиот натпревар од Лигата на шампионите со Интер. „Кралскиот клуб“ е домаќин и можеби домашниот терен да биде единствената предност.

Последниот натпревар од шпанското првенство Реал Мадрид го загуби од Реал Бетис на гости со 0:1.

Но, проблемот пред дуелот со Интер е сериозен бидејќи Мурињо е принуден да прави промени во составот. На позициите во средниот ред единствено му се достапен Федерико Валверде и Џуд Белингам. Суспендирани се Бернардо Силва, Арда Гулер и Едуардо Камавинга, како и Аурелио Чуамени (повреден).

Мурињо во текот на својата тренерска кариера знаел да најде решение за вакви проблеми, па навивачите на Реал Мадрид очекуваат тоа да го направи и за дуелот што се игра во вторник на 8.септември во 21 часот.