Мултимедијална поетска ноќ во Куршумли Ан за 30 години независност на Македонија   


Во сабота во 21ч. во објектот Куршумли Ан, ќе се одржи манифестацијата „Мултимедијална летна ноќ“, во рамки на одбележување на 30 години независнот на нашата држава.

Настанот го организира во два дела, на 4 и 14 септември 2021г.

Мултимедијалната ноќ ќе го долови духот на филмот, музиката, поезијата, ликовната уметност, животот и творештвото на Блаже Конески, Кочо Рацин и Петре М. Андреевски, ќе има актерски и сликарски перфоманси, а истакнати поети од различни генерации и националности, како Сузана Мицева, Стојан Арсиќ, Арлинд Фаризи, Лејла Шериф, Сејдо Јашаров ќе настапат со свои стихови и ќе испрезентираат и дел од своето творештво. Зашто онаму каде различностите знаат да поделат, поезијата знае да создаде прекрасен мозаик.

Мултимедијалната летна ноќ, свое продолжение преку музика и поезија, ќе има на 14 септември 2021г. исто така во објектот Куршумли Ан, кога ќе настапат и музичарите Глигор Кондовски на виолина, Јован Василевски на пијано и познатиот музичар Горан Трајковски.

Програмата ќе ја води Оливера Петрушевска.