Мултимедијален инклузивен новогодишен настан „Види ме“ во Аеродром
Мултимедијален инклузивен новогодишен настан насловен „Види ме“ ќе се одржи вечер во 19:30 часот во „Киндер Кафе“ во скопската населба Аеродром.
Организатор на настанот е Коалицијата Менуваме и Пријателите „За насмевка на секој детски образ“.
-На настанот, како поддршка и пример за инклузивност, заедно ќе настапат веселиот Дедо Мраз, веселите магионичари, а ќе има и музички перфоманс, рецитирање и изведба на театарски точки, велат организаторите.
Настанот е дел од Агенда 2030 за обезбедување општество „Рехабилитација базирана на заедницата“.