Муцунски врати предвреме амбасадори за да прати свои, еден од вратените зборува шест јазици


Фото: Б. Грданоски

Со мејл потпишан од министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, синоќа се отповикани сите македонски амбасадори кои ги одобри поранешниот претседател Стево Пендаровски.

Одлуката на министерот е донесена во исто време додека се чекаше пратеникот Антонио Милошески да свика комисиска седница во Собранието за нивно претставување.

Со одлука на МНР, отповикани сè : Мето Белески (Брисел, Кралство Белгија), Катерина Ставревска (Лондон, Велика Британија), Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица, Црна гора), Пајо Авировиќ (ОБСЕ), Емил Крстевски (Прага, Чешка Република), Јакуп Реџепи (Сараево, БиХ), Агнеза Руси (Софија, Бугарија), Џенк Сејфула (Стокхолм, Кралство Шведска) и  Андреј Жерновски (Букурешт, Романија).

Во образложението од МНР е наведено дека „неисполнет е членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори“. Патем, не ги преставија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокираше тоа, а сега донесоа и партиско „автентично толкување“ на Законот на МНР со кое утврдија дека тоа било задолжителна обврска, иако јасно стои во законот дека не е.   

Одлуката за отповикување предизвика реакции на социјалните мрежи бидејќи поголемиот број од овие амбасадори се професионалци во МНР со забележителна кариера, а станаа предмет на партиски притисоци. 

„Гледам листа на отповикани амбасадори и го наоѓам името Пајо Авировиќ, амбасадор во ОБСЕ, Виена. Имав среќа да работам со него на најголемиот дипломатски проект во историјата на државата, Самитот на ОБСЕ лани во Скопје.Човекот е врвен професионалец, дипломат со огромно искуство и познавања, кој дури и Бујар Османи го задржа и промовираше заради неговите компетенции. Дошол Муцунски, што татко му му го води Министерството, и го отповикал. Оди бе таму легни си со комплексите вмровски. За греота сте“, стои во една од реакциите. 

Инаку, Арвировиќ зборува англиски, француски, германски, турски, хебрејски и арапски, а сега трпи понижувања зошто некој сака да прати партиски миленици.