Муцунски се сретнал со државниот министер за надворешни работи на Јапонија


 

Во рамки на работната посета на Јапонија, делегација предводена од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, соопшти МНР.

На средбата бил потенциран континуитетот на одличните билатерални односи и политичкиот дијалог, граден во изминатите 30 години, кои се темелат на заемна почит и пријателство меѓу двете држави и народи. Соговорниците се согласиле дека во претстојниот период акцентот ќе биде ставен на унапредување на билатералната и економската соработка.

Исто така, биле разменети мислења за продолжување на успешната мултилатерална соработка преку взаемна поддршка на иницијативи и координација во однос на регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.