Муцунски од Блед: Проширувањето на ЕУ мора да се базира на јасни критериуми, а не на билатерални спорови


 
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој учествува на Бледскиот стратешки форум, преку социјалните мрежи информираше дека утрово во Блед, на покана на министерката Тања Фајон, учествувал и се обратил на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан.

„Ја реафирмирав нашата подготвеност за реформи, но и ставот дека проширувањето мора да се базира на јасни критериуми, а не на билатерални спорови. Во свет на војни, безбедносни закани и економски предизвици, Европската унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега“, истакна Муцунски.

Тој додава дека нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок.
 
„Само заедно можеме да се справиме со предизвиците и да изградиме посигурна иднина, додаде министерот.